Омнибус

Може ли да погодите колку дијаманти има овој прстен?

Основачот на златарницата „Ранани бисери“, Харшит Бансал, од градот Мерут во Индија, влезе во Гинисовата книга на рекорди откако направи прстен со 12.638 дијаманти.



Ова ремек-дело го изработил на 21 декември минатата година и го нарекол „прстен на просперитетот“. Истиот е украсен со цветен дизајн, заедно со илјадници природни дијаманти од 38,08 карати.

Бансал за Гинисовата книга на рекорди изјави дека бил инспириран да го сруши рекордот додека студирал во градот Сурат, а две години по претходниот рекорд, тој самиот станал рекордер, бидејќи успеал да стави најмногу дијаманти на еден прстен.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 04.01.2021 12:56:08