Футурама

Интересни факти за бебињата родени во зима

Експертите утврдиле некои навистина интересни фактори на сезоната во која е родено бебето, кои се одразуваат на нивниот развој и здравје.

Зимските бебиња се поголеми од нивните летни цимери

Бебињата родени во змските месеци во просек тежат повеќе од бебињата родени во летниот период. Исто така, тие имаат поголем обем на главата. Делумно причината за тоа се крие затоа што трудниците за време на летото послабо јадат заради чувствителноста на желудникот на многубројните миризби од околината, додека во зимските месеци се поослободени од тој проблем, па можат повеќе да уживаат во храната.



Помала веројатност за мултиплекс склероза

Здравјето на мајката за време на бременоста може значајно да влијае врз здравјето на детето. Но, дали знаете и дека времето на зачнување исто така делува врз здравјето на детето? На Универзитетот Оксфорд откриено е дека лицата родени во ноември наретко заболуваат од мултиплекс склероза, додека истата најчесто се појавува кај децата кои се зачнати во зимските месеци.

Зимските бебиња најчесто се раѓаат пред терминот

Зимските бебиња имаат 10% поголеми шанси за раѓање пред терминот. Се претпоставува дека овој податок е директно поврзан со фактот дека зимските бебиња се поголеми, па затоа и се развиваат побрзо.

Зимските деца се попристојни

Ви звучи будалесто? Сепак, на Универзитетот Квинсленд ја потврдиле оваа теза. Проучувајќи деца на 4 и 5-годишна возраст, утврдиле дека децата родени во зима се значајно посмирени и попристојни.Поголема склоност кон депресија

Изложеноста на сонце многу е важна за развојот на бебето веќе од првите денови. Нарушувњата кои се јавуваат кај зимските бебиња, како што се биполарната депресија, невролошките пореметувања и лошото расположение, многу често се поврзуваат со недоволно време поминато на свеж воздух и изложеност на сончеви зраци.

Зимските бебиња имаат послаби коски

Уште една последица на раѓањето во зима заради недоволната изложеност на сонце. Летните бебиња се во просек за половина сантиметар повисоки и поседуваат 12 кубни сантиметри коски повеќе од зимските бебиња. За ова заслужен е витаминот Д, за чија апсорпција во организмот потребни се сончевите зраци.

Извор:  0
Објавена на 23.12.2020 13:35:36