Џорџ Клуни од март не излегол од дома

Американскиот актер Џорџ Клуни не го напуштил својот дом од март, бидејќи стравува дека неговиот син кој има астма може да се зарази со коронавирусот.



Клуни рече дека тој и неговата сопруга Амал имале среќа што имаат голема куќа надвор од град.

Двојката ги има тригодишните близнаци Александар и Ела. Момчето има астма и може да има компликации ако се зарази со Ковид-19.

– Оваа година беше тешка за сите. Почна лошо и продолжи така до неодамна, изјави актерот во интервју за „Гардијан“.

Сопругата на Клуни, Амал, е адвокат со специјалност заштита на човекови права. Двојката се венча во Венеција во 2014 година, а близнаците ги добија во 2017.

Извор:  МИА
Објавена на 15.12.2020 21:05:46