Харисон Форд повторно како Индијана Џонс
Холивудската ѕвезда Харисон Форд уште еднаш се враќа во улогата на Индијана Џонс. Тоа ќе биде петтиот и најверојатно – последниот филм од серијалот.
„Дизни“ најави и нови одграноци на познатиот серијал „Војна на ѕвездите“ и соработка со „Марвел“. „Индијана Џонс 5“ ќе биде прикажан во јули 2022 година. Форд (78) по петти и последен пат ќе го глуми легендарниот филмски авантурист-археолог.
Режисер на филмот е Џејмс Манголд, a сценариото е на Џонатан Каздан.
Извор: МИА
Објавена на 11.12.2020 17:57:32