Елен Деџенерис позитивна на коронавирус

Американската комичарка, актерка и водителка Елен Деџенерис објави дека добила потврда дека е заразена со коронавирус.

-Сакам да ве известам дека сум позитивна на тестот за Ковид-19. За среќа, во овој миг се чувствувам добро”, објави таа на Твитер.

Водителката на забавната емисија рече дека сите луѓе со кои била во близок контакт се информирани дека е заразена.

Извор:  МИА
Објавена на 11.12.2020 17:49:35