Омнибус

Селото Факинг повторно мета на вандали

Откако минатата недела австриското село Факинг (Fucking), врз основа на одлуката на општината, беше преименувано во Фугинг, сега повторно е цел на вандализам.



Промената на името се случи поради неговиот „незгоден“ изговор на англиски јазик. Но, се чини, ни тоа засега не носи мир во тоа место, кое често е цел на непристојности и вознемирувања. Непознати лица со спреј ги исчкртале „gg“ и додале „ck“, враќајќи го старото име на селото.

И порано, ова место се соочуваше со чести вандалски чинови, но тогаш им ги крадеа табличките со името. Местото во провинцијата Горна Австрија, просто, стана место за „идолопоклониците“ на селфито, како и мета на бројни шеги на интернет.

Извор:  МИА
Објавена на 09.12.2020 12:26:00