Новите чизми од „Луј Витон“ се тренд за зимската сезона

Топлите и меки чизми се на самиот врв на трендовите оваа година. Имено, француската модна куќа „Луј Витон“ се фокусираше на удобноста, мекоста и волуменот, дизајнирајќи „чизми перничиња“, инспирирани од домашниот лежерен стил.

Новата хит обувка има за цел да биде потопла, удобна, а воедно и модерна. Дизајнот е потпишан од креативниот директор на „Луј Витон“, Николас Геские.

Овие чизми беа претставени како дел од колекцијата пролет 2021 година и веќе станаа хит на интернет. Чизмите, коишто според сите проценки, ќе ја одбележат зимската сезона, доаѓаат во неколку бои и нијанси – од бела до зелена.

Извор:  МИА
Објавена на 30.11.2020 10:27:54