Футурама

Oткриен мистериозен монолит во карпест предел во Јута

Официјални лица за заштита на природата од југоисточна Јута откриле метален монолит поставен во пустинското подрачје на оваа сојузна држава, јави Њујорк тајмс.



Монолитот е најден во подножјето на кањон во Црвената карпеста земја, пустина составена од црвен карпест терен и ретка вегетација. Официјалните лица не знаат колку длабоко е вкопан во карпите и кога е поставен.

Металниот монолит е тростран, висок околу три и пол метри и вкопан длабоко во карпестата почва без никакви ознаки зошто е поставен таму и од каде е донесен. Објектот мошне многу потсетува на сличната идеја со сцената на монолитот пронајден од љубопитни но вознемирени примати во филмот „Одисеја во вселената 2001“ на Стенли Кјубрик.

Чуварите го забалежале металниот објект од хеликоптер како визуелна аномалија во карпестиот терен, за време на рутинско надлетување за броење на стадата муфлони од американските Карпести планини.

Се претпоставува дека можеби претставува уметнички објект поставен од анонимни лица.

Извор:  МИА
Објавена на 25.11.2020 15:43:36