Братот на принцезата Дијана проговори за серијата „The Crown“

Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер (56) говорејќи за ТВ-серијата „The Crown“, кажа дека во неа има некои нешта што не се вистинити.



– Серијата во основа се држи до фактите, но оние важни делови меѓу нив не се факти. Продуцентите ме прашаа дали можат да снимаат во нашата семејна куќа, но јас не одобрив. Она што ме загрижува е тоа што луѓето што ја гледаат серијата, забораваaт дека сето тоа е всушност измислена приказна. Дел од публиката ја доживува серијава како лекција по историја, а моја должност е да предупредам на тоа, нагласи Спенсер.

Тој вели дека не можел да погледне повеќе од една епизода бидејќи сето тоа премногу го потсетувало на сестра му.

Четвртата сезона на светски познатата серија „ The Crown” на Нетфликс се појави на стрим-платформата на 15 ноември.

Серијата што ги следи интригите на британското кралско семејство низ историјата, полека се приближува до 21 век, па на ред дојде и ерата на непрежалената принцеза Дијана. Кралското семејство, како што се очекуваше, е најмногу незадоволно од начинот на кој е прикажан принцот Чарлс (72).

Извор:  МИА
Објавена на 24.11.2020 18:55:27