Џенифер Греј, ѕвездата на „Валкан танц“, која ќе глуми и во продолжението, за „People“ изјави дека нема да има актер како замена за ликот на покојниот Патрик Свејзи во следниот филм.
Нивната филмска хемија од пред 33 години важи за една од најлегендарните романси во историјата на филмот.
– Сè што можам да кажам е дека не може да се замени некој што починал – никогаш не можете да повторите нешто така волшебно како што беше тоа. Едноставно, одите со нешто поразлично!, нагласи Греј.
Работата на „Валкан танц 2“, се чува во тајност. За сега, се знае само дека сценариото е на Мики Доутри и Тобајас Јаконис. Освен Греј, имињата на другите кои ќе бидат дел од филмот не се соопштуваат.