Тејлор Свифт доби три АМА награди и постави нов рекорд

Во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес синоќа беа доделени Американските музички награди (АМА). Водителка на шоуто беше Тараџи Хенсон, a меѓу оние кои настапија, се Џенифер Лопез, Меган ди Сталион, Малума и други.



Тејлор Свифт доби три награди – уметничка на годината, поп-рок изведувачка и најдобар музички спот, за песната „Сardigan”. Со тоа, таа го држи рекордот на најмногу освоени АМА-награди.

Доџа Кет е најдобра дебитантка, а Џастин Бибер и Ден + Шеј ја добија наградата за најдобар дует или соработка, како и најдобра кантри-песна, за песната „10.000 hours“.

Џастин Бибер е најдобар машки поп/рок изведувач. Најдобра поп/рок група е „БТС“. Најдобра поп/рок песна е „Don’t Start Now”. Најдобри рапер и раперка се Џуси Ворлд и Ники Минаж. Најдобра рап-песна е „WAP” на Меган ди Сталион и Карди Би. Викенд и Доџа Кет се најдобри соул/ар-ен-би изведувачи.

Најдобри латино изведувач и изведувачка се Бед Бани и Беки Џи. Најдобар албум за филмска музика е „Birds of Prey: The Album“.

Извор:  МИА
Објавена на 23.11.2020 10:22:47