Премиера на новата HBO серија „Црни пари“

Новата HBO Europe серија од Романија, „Црни пари“ (Tuff Money), ќе има премиера на 22. ноември во 21 часот на HBO 3 каналот, а истиот ден ќе биде достапна и во понудата на HBO GO услугата.



Дору и Лонел се двајца техничари за одржување семафори. Тие се шегуваат дека би можеле да го манипулираат сообраќајот за да го ограбат блиндираното возило на една банка и на крајот навистина го остваруваат тоа. Сите коцки се редат како што треба за работата. Следете ги нашите двајца јунаци кои се обидуваат да најдат рамнотежа помеѓу моралот и сопствените финансиски потреби.

Зборувајќи за серијата, сценаристот и режисер Даниел Санду изјави: „Во „Црни пари“ го истражувавме ефектот на една незгодна вистина – никој не е невин. Кога ќе ни се случи нешто лошо, понекогаш сме и жртва и соучесник во тоа. Ја земав таа непријатна и горчлива вистина, совршена за драмска серија, и ја спакував во слој комедија и шеќер во прав како горчиво апче кое на почетокот има сладок вкус. Гледачот е повикан, заедно со главните ликови, да учествува во авантурата носејќи се со една шега која ќе стане посериозна од што се очекуваше.“

Во главните улоги се Александру Пападопол и Кристијан Бота, а им се придружуваат и Медеја Маринеску, Гаврил Патру, Валерију Андриута, Адријана Иримеску, Марука Бајасу, Малина Мановици, Јулија Дину и Војка Олтеан.

Извршни продуценти за HBO Europe се Џонатан Јанг и Ентони Рут, а продуценти за HBO Europe се Силвија Попеску и Јанина Павел. Тудор Реу е продуцент за Mobra Films.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 20.11.2020 12:24:47