Бетмен нема да ги убива непријателите

Во новиот филм, Бетмен нема да ги убива своите непријатели. Како што пренесува порталот „We Got This Closed“, таква одлука донел режисерот на наредниот филм за суперхеројот – Мет Ривс.



Така, главниот лик во филмот не би учествувал во смртта на други ликови. Режисерот верува оти на овој начин подобро би ги отсликал основните вредности на Бетмен. Главниот лик овојпат го глуми британскиот актер Роберт Патинсон.

И во оригиналните стрипови на „Дигитал комикс“ стриповите, овој суперхерој им се спротивставува на убиствата и избегнува употреба на оружје. Прикажувањето на новиот филм е закажано за 4 март 2022 година. Во него ќе се појават и Колин Фарел, Пол Дејно, Зои Кравиц, Енди Серкис и други познати актери.

Режисерот на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ – Зек Снајдер лани беше критикуван за убиството на Бетмен во неговиот филм.

Извор:  МИА
Објавена на 18.11.2020 11:59:16