Силвестер Сталоне се приклучува на „The Suicide Squad“

Силвестер Сталоне е последното звучно име коешто ѝ се приклучи на актерската екипа на новото продолжение на ,,The Suicide Squad”. Веста ја објави режисерот Џејмс Ган, на Инстаграм викендов.



-Отсекогаш сакав да работам со мојот пријател Сталоне и нашата работа на ,,The Suicide Squad” не e исклучок…Иако Слaj е филмска sвезда и икона, повеќето луѓе сè уште немаат претстава колку овој човек e неверојатен како актер, се пофали Ган.

Сталоне ја потврди информацијата. Според IMBD, сè уште не се знае кој лик ќе го толкува. Во филмот, чиешто прикажување е закажано за 6 свгуст 2021 година, своите улоги ќе ги повторат Марго Роби како Харли Квин, Џеј Кортни – капетан Бумеранг, Џоел Кинаман – полковник Рик Флег и Вајола Дејвис како Аманда Волер. Останува нејасно кој ќе го глуми Џокер, откако стана јасно дека Џеред Лето не се враќа во улогата на негативецот.

Во новиот филм ќе се појават и Идрис Елба и Џон Сена.Сталоне, најверојатно, ќе глуми и во четвртиот дел на „The Expendables 4”, но тој проект е сè уште во претпродукција.

Извор:  МИА
Објавена на 16.11.2020 10:58:58