Футурама

Успешно лансирана ракетата „Falcon-9“ на „SpaceX“

Ракетата „Falcon-9“ и сондата „Crew Dragon“ со тројца американски и еден јапонски астронаут успешно беше лансирана синоќа од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, јави Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).



Ракетата и сондата се на приватната компанија „SpaceX“ чиј основач е Елон Маск. Четворицата космонаути беа превезени до Меѓународната вселенска станцица (МВС).

Повеќенаменскиот прв дел на ракетата се оддели и успешно се приземји на платфома во Тихиот Океан, истакнаа од НАСА. Одделувањето на вториот дел исто така беше успешно. Откако ја напушти земјината гравитација, вселенскиот брод се движеше со брзина од 27.000 километри на час. Лансирањето на ракетата беше закажано за 14 ноември, но се одложи за 24 часа поради непогодни метереолеошки услови.

Извор:  МИА
Објавена на 16.11.2020 09:54:22