Омнибус

Редок розов дијамант продаден за над 22 милиони евра

Исклучително редок виолетово-розов дијамант беше продаден на аукција на куќата „Сотби“ во Швајцарија, за 22,55 милиони евра.



Скапоцениот камен од 14,8 карати наречен „Дух на розата“, е пронајден во Русија во рудникот Алроса во 2017 година. Тоа е најголемиот дијамант од ваков вид што се појавил на наддавања досега, а 99 отсто од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати.

Името на купувачот не се соопштува.Благодарение на неговата големина, ретката боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна доста висока цена на аукцијата на „Сотби“ во Женева.

Извор:  МИА
Објавена на 12.11.2020 11:36:48