Редовното внесување на витамин Д и омега-3 масните киселини го зајакнува имунолошкиот систем кај постарите луѓе, до тој степен што може да им помогне да не се заразат со коронавирусот. Ова, според неодамнешно истражување на Универзитетот на Цирих, Швајцарија.
Научниот труд посочува дека земањето на намирници кои содржат витамин Д и омега-3 масни киселини значително го намалува ризикот од зараза со коронавирусот, а доколку се појави болеста, човекот има многу поголеми шанси за закрепнување.
Проф. Хајке Бишоф-Ферари, кој ја водеше студијата, истакна дека земањето на овие додатоци е од големо значење за постарите луѓе.
– Нашето истражување покажува дека витаминот Д и омега-3 киселините кај лица со над 70 години, кои водат активен живот и немаат истовремено други болести, немаат „истрошени“ коски, помнење и моторни функции, се делотворни. Веруваме дека тоа има добро влијание при зарази, како што е Ковид-19, вели професорот.
Во испитувањата се вклучени 2.157 здрави мажи и жени постари од 70 години. Околу 11 насто од нив беа поотпорни на инфекции.