Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај.



Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.

Во однос на ново настаната ситуација судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот Мартин Протуѓер, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.

Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјано јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор:  МИА
Објавена на 19.10.2020 10:56:52