Dave`s Kitchen: Шпагети со ракчиња во доматен сос

Оваа вечер пригответе шпагети со мини ракчиња во доматен сос. Вкусно, брзо и здраво јадење која е полно со вкусовите на Медитеранот.



Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Во тенџере со солена и зовриена вода згответе ги шпагетите ал денте. Во тава на оган загрејте го путерот и започнете да ги готвите ракчињата кои претходно ќе ги исчистите. Гответе околу 5 минути и веднаш додајте го лукчето, доматниот сос, зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус и додајте ги зготвените шпагети. Гответе уште 2-3 минути и сервирајте во чинија. Декорирајте со свежо исечкан магдонос, кора од лимон и малку маслиново масло.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете го профилот на Давор и неговата официјална ФБ страна Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 15.10.2020 17:36:33