Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди

Американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации за Билборд наградите во САД.



Тој ја победи и Били Ајлиш во категоријата Најдобар изведувач на годината, а ги собра и наградите за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач…

– Почестен сум од вашата љубов тука вечерва, изјави тој прифаќајќи ја главната награда.

Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач и поп-албум.Свеченоста се одржа во Долби театарот во Лос Анџелес. Водителка беше рок-ѕвездата Кели Кларксон.

Момент за издвоујвање беше емотивниот настап на Џон Леџенд со песната „Never Break” којашто тој ја посвети на својата сопруга Криси Тајген, која неодамно доживеа спонтан абортус.

Извор:  МИА
Објавена на 15.10.2020 16:19:17