Футурама

Со апликацијата Skopje ZOO запознајте го меркатот – симпатичното животно, инспирација за Тимон од „Кралот Лав“

Фановите на анимираниот филм „Кралот Лав“ ќе го препознаат меркатот како оној симпатичен мал помошник на Симба,Тимон, кој на филмското платно совршено го опиша овој вид животни. Меркатите живеат и во ЗОО Скопје, каде што можете да ги посетите и проучите одблизу.

Меркатот е цицач кој припаѓа на видот мунгоси, а потекнува од топлите савани во Африка. Неговата препознатлива „набљудувачка“ поза ги инспирираше артистите на Дизни да го нацртаат Тимон како животно кое оди на две нозе, иако овие животни најчесто се движат на сите четири нозе. Најголемите примероци можат да достигнат должина на телото до 30 см, додека нивниот мазен и шпицест опаш достигнува должини и до 19 см. Бојата на крзното најчесто им е од сива до светлокафеава, со темни и истакнати кругови околу очите.

Тие се познати како екстремно социјални животни и секогаш живеат во заедници, во дупки кои ги копаат за да се сокријат од бројните предатори во пустините и саваните. Поради нивниот статус како плен на повеќето животни во дивината, меркатите мораат да бидат брзи и претпазливи. Затоа, еден или два члена на заедницата секогаш се задолжени за набљудување на околината. Притоа, еволуцијата ги има направено многу подвижни и агилни, па тие достигнуваат брзини и до 32 км./ч. Обично се хранат со она што ќе го најдат на земја, како инсекти, јајца од птици и рептили, растенија, па дури и мали рептили.

И покрај тешкиот и опасен живот во африканските савани, постојано под закана од локалните предатори, меркатот не се смета за загрозен вид.

Иако далеку од нивното вообичаено живеалиште, меркатите кои се наоѓаат во ЗОО Скопје се безбедни за разлика од нивните африкански роднини, зашто нема предатори кои ќе ги демнат секојдневно. Интересот за овој вид се зголеми откако Тимон стана холивудска ѕвезда, а вие можете да ги запознаете одблизу и да дознаете нешто повеќе за нив, сега не само во Зоолошката, туку и преку екранот на вашиот мобилен телефон преку Skopje ZOO апликацијата, креирана од Македонски Телеком.

Со апликацијата, дивиот свет на скопската зоолошка градина ви е на дланка, можете да научите сè што ве интересира за животните, да го најдете живеалиштето лесно со помош на дигиталната мапа и да купите онлајн билет за да ги избегнете долгите редови и да бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.

Сите корисниците на Magenta 1 промотивно добиваат бесплатен билет за посета на Скопје ЗОО, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку TelekomMK апликацијата. Имајте го билетот на вашиот смартфон, покажете го на билетарница и избегнете го редот.

Skopje ZOO е достапна за сите посетители, едноставна е за користење и ја има во три јазични верзии.

Преземете ја бесплатно Skopje ZOO апликацијата од: AppStore и Google Play.

Активирајте го електронскиот билет преку TelekomMK апликацијата, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.10.2020 11:26:26