Омнибус

Аукција со 80 000 предмети од познатиот хотел „Валдорф Асторија“

Познатиот њујоршки хотел Валдорф Асторија, еден од најпрестижните во светот, ќе понуди 80.000 свои предмети на аукција пред продолжувањето на реновирањето.



– Целосното реновирање на хотелот почна во декември 2017 година. Се очекува тој повторно да биде отворен за две до три години и ќе вклучува 375 апартмани и 375 соби, изјави Ендрју Милер, извршен директор на фирмата Даџија УС, која управува со „Валдорф Асторија“.

Од отворањето во 1931 година, хотелот е домаќин на елитата – политичари, актери, кралски семејства.

Аукцијата ќе почне на 17 октомври, а ќе заврши на 15 ноември, се наведува во соопштението. Целиот приход ќе се искористи за обновување на храмот Св. Вартоломеј, кој се наоѓа спроти хотелот.

Извор:  МИА
Објавена на 06.10.2020 12:35:19