Бои кои не се препорачува да ги користите за ѕидовите во спалната соба

Во спалната соба минуваме барем третина од својот живот. Токму затоа оваа соба треба да е мошне пријатна и наменета за опуштање. Но, колку и да сакате да ја бојадисате со некоја специфична боја, понекогаш може да го предизвикувате спротивниот ефект.



Порталот „Reader's digest“ објави кои пет бои не се препорачуваат за ѕидовите во простории каде што се спие и во кои се одмора.

Црна – Покрај затемнување на просторот, црната боја создава илузија дека собата изгледа помала отколку што е, всушност. Иако темнината може да помогне да заспиете побрзо, тоа последователно и ќе го отежне станувањето наутро. Темнината психолошки ја намалува енергијата на човекот.

Неонски бои – Секогаш треба да се избегнуваат неонски бои, бидејќи тие предизвикуваат „возбуда“ и дополнителна непотребна енергија во спалната соба. Тоа пречи во опуштањето.



Жолто – Жолтата, обично, се поврзува со светлината со сонцето. Иако ведриот тон може да биде одличен за почеток на денот, оваа боја, многу веројатно, ќе го отежне заспивањето навечер.

Црвено – Како и жолтата, така и црвената е „впечатлива“ боја што, меѓу другото, се користи да предизвика чувство на еуфорија, a понекогаш и вознемиреност.

Темносиво – Темните бои предизвикуваат чувство на тежина и мрак. Тоа може да ја намали желбата за будење наутро. Меѓутоа, ако сакате темни бои, тогаш може да ги користите за да нагласите нешто со нив. Но, не како главна боја.

Извор:  0
Објавена на 06.10.2020 12:21:32