Корона пандемијата предизвикува сè повеќе кошмари

Новиот коронавирус буквално им стана кошмар на луѓето, покажуваат резултатите од финското истражување за сонот. Испитаниците на научниците од Универзитетот во Хелсинки, им ги раскажале соништата кои ги имале за време на карантинот, што беше воведен поради пандемијата во првиот дел од годината.



Соништата за изгубени пасоши, затворени граници, за голем број луѓе во мали простории и за смртта се повторувале во изјавите на волонтерите. Луѓето кои сонувале ракување и прегратки тоа го доживеале како кршење на правилото за физичка дистанца.

– Соништата обично се приватна работа, но кога опкружувањето брзо се менува за кратко време, изгледа дека многумина имаат исти асоцијации, изјави авторката на студијата, прсихологот Ану-Катарина Песонен.

Една четвртина од учесниците во истражувањето пријавиле почести кошмари отколку пред пандемијата, а една третина од нив почесто се будела во текот на ноќта. Повеќе од половината волонтери спиеле повеќе од вообичаеното, делумно поради тоа штоработеле од дома. Во истражувањето учествуваче 4.000 Финци.

Извор:  МИА
Објавена на 05.10.2020 12:07:00