Тиква - кралица на есента

Тиквата сосема оправдано се смета за кралица на есента. Слаткaта содржина со фина текстура крие огромно богатство на нутритиенти, а истовремено е сиромашнa со калории.



Таа е одличен извор на витамините А и Ц. Заедно, витамините А и Ц соработуваат и го јакнат имунолошкиот систем. Тиквата особено е богата со витамини од групата Б, посебно витамин Б1, Б3, Б5, како и со фолна и пантотенска киселина. Витамините од групата Б се сметаат за „антистресни витамини“, бидејќи при недостиг на некој од овие витамини доаѓа до летаргија, анксиозност и депресија. Тие исто така имаат релаксирачко дејство, а познато е дека се во директна спрега со развојот и зачувувањето на менталната функција на човекот.

Овој плод е драгоцен извор на калиум, манган и бакар, како и на растителни влакна кои се неопходни за правилно функционирање на системот за варење. Од сите зеленчуци, тиквата е најдобар извор на алфа-линоленска киселина и на есенцијалните омега-3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од срцеви болести и крвни садови.



Интензивната портокалова и жолта боја на тиквата се должи на фитохемикалиите од групата на каротеноиди: алфа-каротен, бета-каротен, лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантин. Освен за бојата се заслужни и за нејзиното лековито дејство. Делува како силен антиоксиданс, штитејќи го организмот од слободните радикали. Истовремено овој плод ја подобрува работата на имунолошкиот систем, го штити здравјето на срцето, очите и белите дробови.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.09.2020 09:44:12