Селена Гомез ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот

Пејачката Селена Гомез со слика на Инстаграм, ја покажа лузната од операцијата што ѝ го спаси животот, а нејзините обожаватели ѝ пружија безрезервна поддршка.



-Кога ми направија трансплантација на бубрег, се сеќавам дека на почетокот ми беше многу тешко да ја покажам лузната… Не сакав таа да се гледа на фотографии, па затоа носев работи што ќе ја покријат. Сега, повеќе од кога било, се чувствувам сигурна во тоа која сум јас и низ што поминав… И, горда сум на тоа, напиша Селена меѓу другото.



Пред речиси четири години, нејзината пријателка, актерката Франсија Раиса ѝ подари бубрег.

Извор:  МИА
Објавена на 25.09.2020 13:21:52