Нокаут за победата на Макфест: Оваа 2020 година сепак не била толку лоша

„Нокаут“ и песната „Сакам да живеам“, на авторите Никола Перевски и Огнен и Филип Неделковски, е победник на овогодинешното издание на Макфест. Тие ја добија паричната награда од 5000 евра, додека втората награда од 3000 евра замина кај Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“.

По овој повод бендот преку FB статус и се заблагодари на својата публика за љубовта и подршката низ годините.



        -Оваа 2020 година сепак не била толку лоша. Победата на Макфест доаѓа во можеби најсложениот, но и најсреќниот период за НОКАУТ. Победа, која пред сè им ја посветуваме на оние за кои живееме, за кои твориме, од кои ја добиваме најголемата поддршка и љубов повеќе од 25 години - нашата публика! Ве сакаме од срце!

Тие што нè сакаат, заслужуваат најголемо внимание!

Ќе излажеме ако кажеме дека не сме изненадени и пресреќни. Благодарност до Макфест за беспрекорната организација во овие ненормално нормални времиња. И секако за статуетката која е само уште еден доказ за вредноста која го носи имео НОКАУТ сиве овие години.

Огнен и Филип Неделковски, неизмерно благодарам за успешната соработка. Чест и гордост е да се работи со вас. Оваа победа е и ваша! Огромен поздрав и до продуцентот на песната и нашиот драг пријател Дарко Димитров.

Длабок наклон од целиот бенд, од Пере, Баге, Боро, Вичи, Горанчо и Гоки за нашите семејства, пријатели, соработници, и за сите оние кои нè поддржуваат и веруваат во нас. Без вас ништо немаше да биде исто.

Се гледаме на друго место и во друго време!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 21.09.2020 07:12:11