Каније Вест уринира врз своето Греми: Јас сум новиот Мојсеј!

Раперот Каније Вест повторно имаше мал јавен испад, но овој пат поврзан со студијата Universal и Sony.



Вест на Twitter постираше видео на кое уринира врз фрлена Греми награда во ВЦ шолја и предупреди дека нема да застане тука. Ваквиот потег следи по неговата правна битка за ги добие авторските права на своите песни. Раперот изјави дека нема да објавува нов албум, се додека не го раскине договорот кој што го има со Universal и Sony. Воедно преку своите твитови напиша дека е новиот Мојсеј и дека ќе ги ослободи пејачите од ропството.

-Треба да ги видам сите договори со Universal и Sony. Нема да го гледам својот народ поробен. Го жртвувам животот, за моите луѓе. Музичката индустрија и NBA се модерни бродови за ропство. Јас сум новиот Мојсеј, напиша Вест.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.09.2020 09:24:34