Омнибус

Еколошките згради во Кина привлекуваат комарци и ги бркаат станарите

Станбените згради дизајнирани со бујна вегетација на балконите, се толку обраснати со „вертикална шума“ што сопствениците на становите избегнуваат да живеат во нив поради наезда од комарци.



Блокот е изграден 2018-та година во Ченгду, главниот град на провинцијата Сечуан. Според интернет-страницата на сопственикот на имотот, сите 826 стана ставени на продажба, истата година многу брзо нашле свои купувачи.

Сепак, според тамошните медиуми, само десетина семејства се преселиле во зградите.

Поради тоа што нема станари, вегетацијата на терасите и фасадите, изгледа е и премногу бујна, па и запуштена. Тоа пак, привлекува голем број комарци, коишто исто така сакаат зеленило.

Извор:  МИА
Објавена на 15.09.2020 13:25:55