Израелската манекенка Бар Рaфаели вчера беше осудена на девет месеци општокорисна работа и парична казна од 610.000 евра за затајување данок.
Израелската топ-моделка на 20 јули беше осудена за давање лажни изјави околу нејзиниот престој во странство со цел да ги избегне израелските даноци. Таа се изјасни за виновна, во рамки на спогодбата за казна, којашто предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели (610.000 евра), како и компензација за заостанатите даноци.
Мајката на манекенката Ципи Рaфаели, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за помала казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, со заостанати даноци.
Бар Рaфаели ќе започне со извршување на своите обврски на 21 септември. Оваа пресуда стави крај на повеќегодишната судски постапка.