Омнибус

Украинка се прошета по крилото на авион

Патничка од лет на релација Анталија – Киев, „се прошетала“ по крилото на авионот, го отворила излезот за итни случаи и оттаму влегла внатре, соопшти компанијата „Интернејшнл ерлајнс“ од Украина.

Необичниот настан се случил пред авионот да полета. Командантот на летот, во согласност со упатствата, веднаш ги известил Службата за безбедност во воздухопловството, Граничната служба, полицијата и медицинскиот пункт на аеродромот Бориспол.

Жената била трезвена, а авиокомпанијата ја смести на својата „црна листа“ на патници, на коишто им се забранети услугите на таа компанија.

Полицијата и лекарите се обиделе да ја разјаснат причината за оваа постапка, но не добиле соодветен одговор. Наводно ѝ било многу топло. Утврдено е дека жената не била под дејство на алкохол или наркотични средства. Таа се враќала од одмор со сопругот и двете деца.

Извор:  МИА
Објавена на 02.09.2020 12:28:41