Ливерпул ќе добие рекордни 175 милиони фунти за титулата во Англија

Ливерпул, 12 август 2020 (МИА) – Ливерпул ќе добие рекордни 175 милиони фунти за освојување на титулата англиски шампион во фудбал, пренесува „Тајмс“.

Тимовите ќе добијат целосен износ на договорот за ТВ-права, а надоместокот од околу 330 милиони ќе биде вратен во текот на сезоната.

Доколку клубовите гласаа да влезат во годинашни намалувања, Ливерпул би добил 21 милион фунти помалку.

Сезоната 2019/2020 беше прва во тригодишниот циклус во кој парите од емитување на натпревари во странство беа распределени меѓу клубовите според нивната последна позиција во првенството, наместо подеднакво.

Извор:  0
Објавена на 12.08.2020 16:29:33