Со бело грозје до убаво и свежо лице

Доаѓа крајот на летото, а со тоа и сезоната на вкусно грозје. Сепак, грозјето можете да го користите и како козметичко средство, со оглед на тоа дека поседува витамини, минерали, незаситени масни киселини, овошни киселини и полифенол.



Доколку сакате да ја освежите кожата на лицето исцедете 100 грама бело грозје, а потоа натопете го памукот во сокот и тапкајте го лицето десетина минути. По ова добро измијте се.

Можете да се обидете и со газа која што ќе ја оставите на лицето 20 минути за да го освежите лицето и да ги собере порите.

Изгмечените остатоци се одлични за природен пилинг, кој ќе го отстраните со млака вода. Доколку сакате посилен пилинг додадете пченично брашно.

По пилингот следува маска. Направете ја од едно изматено јајце, две лажици ладно млеко, сок од половина лимон и десетина изгмечени зрна бело грозје. Масата ставете ја на лицето, па откако ќе поминат дваесетина минути, измијте го лицето со млака вода.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.08.2020 06:37:08