Зајакнете го имунитетот на вашето тело со напиток од цимет

Циметот е одличен извор на цинк, манган, железо, како и на витамините Ц и К.

Ако редовно го користите во исхраната, ќе ја зголемите отпорноста на организмот бидејќи овој зачин докажано го зајакнува имунитетот.

Доколку сте настинати, но и во случај да сакате да го отстраните вишокот на килограми, подгответе го следниот напиток: зовријте половина литар вода и додајте една кора цимет и неколку каранфилчиња, и сето тоа продолжете да го варите уште три минути. Оставете го напитокот малку да се излади и потоа додајте мед и лимон. На секои 4 часа пијте по половина шолја.

Оваа комбинација консумирана секојдневно, успешно го регулира нивото на шеќер во крвта, го забрзува метаболизмот и придонесува за намалување на вишокот килограми.

Напитокот е одличен за консумирање и за време на вежбање бидејќи обезбедува рамномерен доток на енергија на подолг рок, дава сила и ги намалува болката и напнатоста во мускулите.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 12.08.2020 06:37:17