Футурама

Големиот Јупитер спореден со Пеперони пица

НАСА сподели слика од површината на Јупитер, за која многумина коментираа дека наликува на „Пиперони пица“.



Вселенското летало „Juno“ ја истражува големата планета уште од 2011-та година и неодамна испрати слика од црвените циклони во регионот на Северниот пол на Јупитер.

Американската вселенска агенција ја сподели сликата на Инстаграм каде корисниците започнаа да го споредуваат Јупитер со пица и изгорена пита.

-Нашиот James Webb вселенски телескоп ќе ја истражува атмосферата на половите на Јупитер, каде @NASAJuno ги откри кластерите на циклоните што се гледаат на оваа слика. Податоците на NASAWebb ќе дадат многу повеќе детали отколку што беше можно во минатите набудувања, мерење на ветровите, честичките во облаците, составот на гасот и температурата, велат од НАСА.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 11.08.2020 18:10:55