Вал Килмер закрепнува успешно по ракот на грлото

Актерот Вал Килмер закрепнува успешно и се чувствува добро по операцијата поради рак на грлото и двегодишната битка со болеста.



– Се чувствувам одлично… Подобро отколку што звучам!, се пошегува Килмер во изјава за „Ју-ес-еј тудеј“.

Тој поради трахеотомијата, сега ќе може да зборува со помагала. Килмер истакна дека навикнувањето на новиот начин на говор е како учење нов јазик.

– Тоа е исто како и учењето на некој друг јазик или дијалект. Мора да најдете начин за комуникација, а тоа пак, не се разликува од кој било друг актерски предизвик, но има многу поспецифичен сет на околности, додаде тој.

Извор:  МИА
Објавена на 10.08.2020 16:10:50