Телото на исчезнатата актерка Наја Ривера пронајденo во езерото Пиру

Телото на актерката, Наја Ривера, е пронајдено по шестдневна потрага во езерото Пиру во Калифорнија, соопшти полицијата.



Ривера (33), инаку позната по улогата во популарната мјузикл-серија „Glee” исчезна во средата откако отишла на рекреативно пловење на езерото заедно со својот четиригодишен син. Момчето потоа било пронајдено само на изнајмениот брод.

Шерифот Бил Ајуб изјави дека нема индиции дека смртта била насилна или дека актерката се самоубила. Синот на Ривера рекол дека таа отишла да плива и не се вратила.

Извор:  МИА
Објавена на 14.07.2020 11:18:13