И Гатузо незадоволен од правилата за пенал при игра со рака

Расте незадоволството во италијанската Серија А околу досудените пенали поради прекршок со рака во сопствениот шеснаесетник. Откако пред два дена, тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини побара промена на правилата, тоа го стори и Џенаро Гатузо, предводникот на Наполи.



Против неговиот тим синоќа беше досуден пенал по кој Милан се спаси од пораз и изедначи на 2:2.

– Играв против Милан, клубот каде станав играч и затоа за мене овој меч беше емотивен. Што се однесува до користењето на рацете, не можам да замислам играч да трча или скока со рацете зад грб. Ми се чини дека го срушивме рекордот во првенството на досудени пенали поради игра со рака. Правилата треба да се променат. Оние кои играле фудбал, знаат дека ни треба движење на рацете за да скокаме. За две години за тоа постојано се зборуваше, но ништо не се смени, истакна Гатузо.

Против Наполи беше досуден пенал при старт на дефанзивецот Никола Максимовиќ, кој беше чист и на топка, меѓутоа имаше мал контакт со раката со Бонавентура.

Извор:  МИА
Објавена на 13.07.2020 11:44:06