Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје.



Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати се на возраст од 62, 68 и 94 години и тие починале на Инфективната клиника, а двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години починале во ГОБ „8 Септември“. Во Општата болница во Гостивар почината е пациентка на возраст од 80 години.

Во изминатите 24 часа направени се 1.728 тестирања. Најмногу од новозаболените се од Скопје – 60, по што следуваат Свети Николе со 29, Гостивар 23, Дебар 17, Тетово и Куманово по 13, Струга, 12, Кичево со 7, Велес и Ресен по 3, Пробиштип и Демир Хисар по двајца и Охрид, Кавадарци, Струмица, Крушево, Македонски Брод и Берово по еден случај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земја од почетокот на епидемијата се искачи на 7.777, бројката на оздравени е 3.960, а на починати 368. Во моментов активни се 3.449 случаи.

По градови дистрибуцијата е следна:

• Скопје 3716, активни 1871

• Куманово 831, активни 164

• Дебар 137, активни 76

• Штип 421, активни 161

• Прилеп 291, активни 59

• Тетово 844, активни 324

• Струга 300, активни 147

• Велес 201, активни 38

• Битола 68, активни 27

• Охрид 219, активни 133

• Кавадарци 23, активни 15

• Гостивар 211, активни 128

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 19, активни 11

• Крива Паланка 18, активни 8

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 9, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 32, активни 20

• Демир Хисар 5, активни 4

• Македонски Брод 8, активни 6

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 88, активни 81

• Кичево 65, активни 56

• Ресен 132, активни 87

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. бак/сп/

Извор:  0
Објавена на 10.07.2020 15:32:06