Порното е опасно по здравјето

Гледањето филмови за возрасни може да биде штетно и опасно за човековото здравје, сметаат стручните лица. Според нив, порнофилмовите создаваат нереална претстава за сексот.



На пример, во нив често се прикажува жесток однос на мажите кон жените, а љубителите на овој жанр можат да развијат и зависност кон овие филмови.

– Сексот е здрав, но порното – не е!, категорично вели сексологот Мајкл Флуд.

Многу од тие филмови ја претставуваат агресијата како нешто нормално во општењето меѓу луѓето.Според здравствениот стручњак Меган Лим, порното може да биде штетно и ако луѓето не располагаат со друг извор на информации за сексот. Многумина гледаат такви филмови уште пред да започнат со својот сексуален живот и за нив, виденото станува битен дел од сексуалниот развој, а потоа и пракса во реалниот живот.

Според Мередит Темпл-Смит, гледањето порно може да доведе до зголемување на незадоволството и фрустрациите околу сопствениот изглед и тело кај некои луѓе. Според неа, порнографијата може да влијае лошо како на оние што гледаат, така и на оние коишто учествуваат во снимањето на сцените.

Извор:  МИА
Објавена на 10.07.2020 13:43:46