Анри клечеше за 8:46 минути (ВИДЕО)
Монтреал, 10 јули 2020 (МИА) – Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри се вклучи во борбата на Афроамериканците за расната еднаквост во Соединетите Американски држави.
Како тренер на Монтреал Импакт, Анри клечеше 8 минути и 46 секунди во натпревар во МЛС лигата.
На тој начин му оддаде почит на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина пред месец дена, откако полицаец му држеше колено на врат скоро 9 минути.
Извор: 0
Објавена на 10.07.2020 11:10:11