Камерон Дијаз со свој бренд на вина

Камерон Дијаз го претстави својот бренд за вино „Авалин“, заедно со нејзината пријателка и партнерка претприемач Кетрин Пауер.



-Ви го претставуваме @avaline! Сѐ почна пред две години, едно убаво попладне во Лос Анџелес во дворот со @katherinepower. Сфативме дека знаеме и внимаваме што сè содржи сѐ она што влегува во нашите тела – па, зошто да не и виното?, гласи почетокот пораката на Дијаз.

Холивудската ѕвезда, која пред само пет месеци со сопругот Бенџи Меден ја добија ќеркичката Радикс, вели дека „Авалин“ колекцијата се чисти вина со природен квалитет.

-Отсекогаш верував дека клучот за добар живот е рамнотежата. Создавањето чисто вино кое има природно одлични квалитети без десетици несакани и скриени додатоци мене ми помага да ја најдам таа рамнотежа кога уживам во чаша вино. Ова е најчисто вино создадено за оние кои бараат задоволство од животот, се вели натаму во објавата.

Според интернет-страницата на „Авалин“, палетата вина на Дијаз вклучува бело вино и розе, а едно шише чини 24 долари.

Извор:  МИА
Објавена на 10.07.2020 09:54:59