Лаказет може да го напушти Арсенал, три врвни клуба влегоа во преговори за неговиот потпис

Лондон, 7 јули 2020 (МИА) – Напаѓачот Александар Лаказет ќе го напушти Арсенал за време на летниот преоден рок. Според „Л’Екип“, за играчот на француската репрезентација се заинтересирани Интер, Јувентус и Атлетико.

Оваа сезона Лаказет одигра 32 натпревари на сите турнири, постигна 10 гола и направи четири асистенции.

Сепак, останува да се види одговорот на раководството на „топчиите“ чии тренер Микел Артета инсистира Лаказет да остане во Лондон уште долго време. зс/

Извор:  0
Објавена на 07.07.2020 13:59:05