Омнибус

Јапонски град забрани гледање во телефонот за време на одење по улица

Јапонскиот град Јамато им забрани на луѓето во градот да гледаат во телефон додека одат по улица, низ парк или пак – на плоштадите.



Во градот со 250.000 жители и туристите и патниците ќе бидат дочекани со известувања за забраната.

-Додека одите низ градот, забрането е користење паметен телефон. Ве молиме, користете ги телефоните кога ќе престанете со одење, се слуша од разгласите низ градот.

Забраната има широка поддршка од тамошните жители – и млади и постари. Скоро сите се сложуваат дека тоа го одвлекува вниманието на пешакот и го доведува во опасност. И, засега не е напишана ниедна казна. Истражување на јапонската телекомуникациска компанија ХТТ, покажува дека пешаците со „закован поглед“ на паметниот телефон губат 95 насто од видното поле.

Кога тоа ќе се елиминира, значително се намалуваат и ризиците за сообраќајна незгода.

Извор:  МИА
Објавена на 07.07.2020 12:09:51