Кетрин Зета-Џонс со нова линија на тренди производи

Актерката Кетрин Зета-Џонс ја пушти во продажба својата нова линија производи која содржи обувки, љубовни лажици, веганско кафе и шминка. Пакетот го носи називот „Casa Zeta-Jones“ и кко што таа се надева, ова е само почеток на нејзините подолгорочни планови.



– Сакав да ја претворам оваа моја страст во чекор напред и да создадам марка – прекрасна и луксузна, но истовремено и достапна за луѓето, вели Зета-Џонс.

Брендот постои веќе некое време и досега продаваше постелнина за спални кревети, перници и лежалки, но филмската ѕвезда сака да ја прошири палетата на производи.

Ѕвездата од „Маската на Зоро“ претходно јавно го најави своето повлекување „од лудиот свет на Холивуд“. Последните улоги ѝ беа оние во ТВ-серијата „Кралицата на Америка“ од 2018-та и филмот „Кралица на кокаинот“ од 2017-та година.

Извор:  МИА
Објавена на 06.07.2020 14:59:49