Dave’s Kitchen: Чизкејк со малини и ванила

Чизкејкот е совршен летен десерт, лесен за подготовка, а уште полесен за јадење. Од кујната на Dave’s Kitchen ви ја претставуваме најосвежителна варијанта – малини и ванила.




Потребни состојки:

За основата:

За филот:

За преливот со малини:

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги сите состојки за основата на чизкејкот и добро промешајте. Распределете ја смесата во округло тавче на механизам и оставете во ладилник да се стегне додека не го направите филот од крем сирењето.

Во длабок сад ставете го крем сирењето кое било на собна температура и додајте го млекото, кесичките за шлаг крема, шеќерот во прав и екстрактот од ванила. Добро промешајте со миксер матејќи околу 5 минути додека не добиете убава хомогена мазна структура на филот.

Додајте го претходно растворениот и растопен на пареа желатин и добро промешајте. Претурете го филот врз основата и оставете во ладилник да се стегне.

Во тенџере на оган загрејте ги малините, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер.

Варете околу 7-8 минути и тргнете од оган. Прецедете ја смесата за да ги отстраните сите семки од малините. Во жешкиот прелив од малини додајте го растворениот желатин и промешајте додека комплетно не се растопи.

Оставете да се излади околу 20-30 минути, а потоа прелијте го врз горниот дел од чизкејкот. Оставете да се стегне околу 4 часа. Послужете и уживајте.

Добар апетит и забавно готвење! За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 03.07.2020 12:11:36