Футурама

Бил Гејтс: Социјалните мрежи се виновни за брзото ширење на коронавирусот

Основачот на „Мајкрософт” – Бил Гејтс го обвини Facebook и другите социјални мрежи за брзото распространување на коронавирусот во САД, поради дезинформациите на нив.



– Какво иноваторство видовме? За жал, дигиталните технологии и платформи, веројатно придонесоа за распространувањето на ова што јас го сметам за луди идеи. Социјалните мрежи би можеле да бидат и пополезни за справување со ваквата и слични кризи, ако беше обезбедено споделувањето точни и веродостојни податоци, изјави Гејтс во последното свое интервју.

Тој натаму додава дека дезинформациите убедиле поголем дел од населението, дека некои мерки против Ковид-19, како што е носењето маски и физичкото растојание, не се неопходни.

Од почетокот на пандемијата, платформите распространуваат различни теории на заговор и лаги, поврзани со коронавирусот. На пример, се тврдеше дека новите кули за безжична комуникациска технологија за 5G придонесуваат за ширењето на заразата и дека 5G гo напаѓа и го ослабнува имунитетот на луѓето. Тоа се непроверени, неточни и лажни податоци.

Извор:  МИА
Објавена на 03.07.2020 09:56:09