Омнибус

Со балон од Аљаска до небесната граница

Нова фирма од Флорида, под име „Вселенска перспектива“, има идеја – со напреден балон да врши тури од Аљаска, до највисоките слоеви на атмосферата.



За таа цел би се користел Пацифичкиот вселенски комплекс во градот Кодијак, од каде што би се лансирало леталото. Балонот голем колку едно фудбалско игралиште, ќе го управува стручен екипаж и на него ќе има осум патници.

Билетот за шестчасовното патување до небесните граници, би чинел 125.000 долари.

Извршниот директор на Аероспејс корпорацијата на Аљаска – Марк Лестер рече дека овие патувања со балони ќе бидат достапни за неколку години и дека тие се добродојдени за туризмот на оваа американска сојузна држава.

Извор:  МИА
Објавена на 01.07.2020 09:12:40