Омнибус

Вработен во Старбакс добил „интернет бакшиш“ од речиси 100.000 долари

Вработен во Старбакс во Сан Диего, Калифорнија, одбил да услужи жена која не сакала да носи заштитна маска. Истиот потоа, откако видео-снимката од тој настан се рашири на Фејсбук, доби речиси 100.000 долари „бакшиш” собран од луѓето кои ја поддржуваат неговата постапка.



Ленин Гутјерес (24) бил на смена кога во кафулето влегла жената без маска. Ја прашал – дали има маска за лице, по што таа веднаш го нападнала, а притоа и го снимила.

Но, откако незадоволната гостинка го постирала видеото на Фејсбук, добила реакциja каква што не очекувалa. Како што јави телевизијата Ен-Би-Си, жената добивала и смртни закани од непознати луѓе. Како резултат на нејзината снимка, набргу се појавила и страница на „GoFund Me“ за донации и помош на Ленин Гутјерес, со видеото на неа. До денеска, се собрани над 98.700 долари.

Извор:  МИА
Објавена на 01.07.2020 09:04:36