Футурама

Корејските научници направија робот кој врши тестирање за корона вирус

Корејските научници создадоа робот кој има за цел значително да го намали ризикот од зараза со корона вирусот кај медицинските лица кои треба да ги тестираат пациентите.



Роботска рака го извршува тестирањето со помош на стапче со кое се зема брис од пациентот. Истата е управувана од медицинско лице кое преку контролер ги приспособува движењата.

За да не дојде до повреда при земањето на брисот, научниците создадоа и стабилизатор на главата, на кој пациентот се потпира за време на целата процедура.



-Се надевам дека оваа технологија ќе се користи како еден од методите за собирање на примероци на високо-ризични заразни болести, вклучувајќи го и Ковид-19, за да се спречи ширењето на заразни болести во безбедно медицинско опкружување, изјави доктор Сео Јун-Хо, кој е дел од тимот на истражувачи кои работеа на овој проект.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 02.07.2020 13:57:36